Денеска се регистрирани 89 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 14004 Оздравени се 215 пациенти– починати се 7 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1529 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-10, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-1, Струга-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-3, Гостивар-2, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Делчево-2, Кичево-2. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 215 оздравени пациенти од: Скопје-72, Штип-18, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-4, Битола-8, Охрид-1, Кавадарци-22, Гостивар-19, Гевгелија-3, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-8, Македонски Брод-13, Виница-5, Делчево-1, Свети Николе-13, Кичево-12, Ресен-1, Неготино-2. 

Починати се 7 лица, тројца пациенти од Скопје (72г, 84г и 65г ), еден од Прилеп (65г), еден пациент од Тетово (62г), еден од Гостивар (74г) и еден пациент од Кичево (58г). Сите се починати во болнички услови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14004,  бројката на оздравени пациенти е 10722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2697. Денес се евидентира еден контролен од вчерашната статистика, а  според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 5821, активни 847
  • Куманово 1420, активни 371
  • Дебар 243, активни 78
  • Штип 1119, активни 214
  • Прилеп 435, активни 92
  • Тетово 1202, активни 179
  • Струга 553, активни 59
  • Велес 265, активни 26
  • Битола 199, активни 41
  • Охрид 331, активни 30
  • Кавадарци 173, активни 71
  • Гостивар 761, активни 269
  • Гевгелија 42, активни 21 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
  • Струмица 59, активни 21
  • Крива Паланка 39, активни 11
  • Радовиш 41, активни 12
  • Крушево 16, активни 0
  • Кочани 138, активни 25
  • Пробиштип 78, активни 19
  • Демир Хисар 60, активни 17
  • Македонски Брод 70, активни 20
  • Пехчево 15, активни 9
  • Берово 50, активни 41
  • Валандово 8, активни 1
  • Виница 64, активни 36
  • Делчево 46, активни 40 (10 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 
  • Кратово 16, активни 1
  • Свети Николе 281, активни 58
  • Кичево 268, активни 75
  • Ресен 146, активни 0
  • Неготино 45, активни 13 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1529 теста се преку: ИЈЗ-302, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-205,  Биотек-249, МАНУ -81, Жан Митрев (Филип Втори)-258, Систина со PCR метода -287, лабораторија Лаор –69, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-32, Инфективна клиника-9, ГАК-12, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 143.687 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 54, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7  позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107, позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

  • Чаир – 110
  • Гази Баба – 107
  • Аеродром - 101
  • Карпош – 86
  • Центар – 90
  • Кисела Вода – 96
  • Ѓорче Петров – 55
  • Бутел - 65
  • Шуто Оризари – 32
  • Студеничани – 19
  • Сарај – 28
  • Арачиново – 16
  • Илинден – 11
  • Сопиште – 6
  • Чучер Сандево – 6
  • Петровец – 9
  • Зелениково - 4
  • Странец – 5
  • Нераспределен – 1