Редовна 52-ра Владина седница
Владата на Република Северна Македонија денеска, 14.6.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 52-ра седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се разгледуваат повеќе точки меѓу кои Информација за пристапување на Република Северна Македонија на Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на полето на трудот, на предлог на Министерството за труд и социјална политика.
На денешната седница ќе се разгледува и Информацијата за усвојување на Национална стратегија за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската Унија во Република Северна Македонија 2022-2025 година и Акциски план за спроведување 2022-2023.
Меѓу другото, пред министрите ќе се најде и Информација за Акцелераторот за одбранбени иновации за НАТО (Defence Innovation Accelerator for the North Atlantic - DIANA), изготвена од Министерството за надворешни работи.
За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.