Брифинг на вицепремиерот за европски прашања Маричиќ и министерот за надворешни работи Османи
Денеска со почеток во 11:00 часот заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе одржат брифинг за медиуми во Медија центарот во Влада.
На почетокот на брифингот медиумите ќе имаат можност за фотографирање и за видео инсерти.
Со цел навремено започнување на брифингот, медиумите е потребно да дојдат најдоцна до 10:45 часот, од влезот на Медија центарот.
Ве известуваме дека по завршување на брифингот, вицепремиерот Маричиќ и министерот Османи, ќе имаат изјава за медиуми.