Премиерот Ковачевски ќе го пречека премиерот на Хрватска, Пленковиќ кој е во официјална посета на Република Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на 5 април (среда) во 10:00 часот ќе го пречека претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој пристигнува, во официјална посета на Република Северна Македонија.

Во делегацијата заедно со премиерот Андреј Пленковиќ се високи претставници за економски прашања и за надворешни работи, претставници од хрватскиот Сабор, како и амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Нивес Тигањ.

Премиерот Андреј Пленковиќ и неговата делегација, на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски и владината делегација со официјална церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.

Во составот на македонската делегација, на средбата со хрватската делегација, ќе присуствуваат заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија за европски прашања, Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска, Милаим Фетаи.

Линк за следење во живо на официјалниот прече

Според агендата за официјалната посета на хрватскиот премиер, Пленковиќ на земјава, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.

Двајцата премиери на Хрватска и Северна Македонија, Пленковиќ и Ковачевски, ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија Центарот на Владата во 11:10 часот.

Прес-конференцијата на македонски јазик

Прес-конференцијата на хрватски јазик

Прес-конференцијата на албански јазик
 

Календар Влада: 
E mërkurë, Prill 5, 2023 - 10:00 to 12:00