Владата денеска ќе ја одржи својата 12-та седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата 12-та седница на која ќе се разгледа и ќе се донесат соодветни заклучоци по однос на информацијата во врска со следни чекори и одлуки кои се однесуваат на превенција на ширење на коронавирусот што произлезе од седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 27 февруари 2020 година.

Седницата е предвидено да започне во 11:00 часот.