Денес се одржа вториот состанок на главниот координативен кризен штаб, на кој беа презентирани најновите информации од Комисијата за заразни болести, како и информациите од Центарот за управување со кризи и од Дирекцијата за заштита и спасување кои доаѓаат од целата територија на државата, посебно од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, со цел целосната координација на предлозите и мерките што ќе одат како препораки до Владата на Република Северна Македонија, која на вечерашната седница ќе одлучува по нив.