Одржан петтиот состанок на главниот координативен кризен штаб

Денес се одржа петтиот состанок на главниот координативен кризен штаб, на кој се дискутираа тековните состојби и најновите информации од Комисијата за заразни болести. Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, ја реферираа актуелната состојба на целата територија на државата, и посебно од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа.

Главниот координативен кризен штаб се состанува секој ден со цел целосна координација на предлозите и мерките што ќе одат како препораки до Владата на Република Северна Македонија.