Се одржа 24 главен координативен кризен штаб

Денеска се одржа 24 главен координативен кризен штаб предводен од претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, воден преку онлајн алактка за комуникација на кој се дискутираа последните информации поврзани со актуелните случувања околу пандемијата како и за претстојните мерки за превенција и заштита од коронавирус.

 

Состанокот се одвиваше во присуство на Дирекцијата за заштита и спасување, преставникот на ЗЕЛС, Центарот за управување со кризи кои ги споделија последните информации од своите институции како и ресорните министерства кои реферираа за актуелните мерки кои Владата ги имплементира во насока на заштита и превенција од ширење на коронавирус.