Oздравени се 48 пациенти, потврдени 28 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани случаи е 1259, почина 1 лице

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Куманово 1, Битола 1, Скопје 19, Тетово 16, Штип 1, Радовиш 4. 

Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Скопје 11, Куманово 2, Прилеп 9, Тетово 2, Велес 3 и Валандово 1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1259 , а последната дистрибуција по градови е: 

  • Скопје 422
  • Куманово 342
  • Дебар 51
  • Штип 34
  • Прилеп 126
  • Тетово 62
  • Струга 55
  • Велес 62
  • Битола 17
  • Охрид 15
  • Кавадарци 4 
  • Гостивар 13
  • Гевгелија 4
  • Струмица 2
  • Крива Паланка 4 
  • Радовиш 4
  • Крушево 3
  • Кочани 28
  • Пробиштип 2
  • Кичево 2
  • Неготино 2
  • Демир Хисар 1
  • Македонски Брод 2
  • Пехчево 1
  • Валандово 1

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ - 417, преку Ветеринарен факултет - 14, Авицена - 11, Биотек - 46, Филип Втори (Жан Митрев) - 141 и Систина со PCR метода - 31. Досега во земјата се направени вкупно 13.000 тестирања на КОВИД-19. 
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација. 

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти. 

Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19.