Денеска се оздравени 64 пациенти, потврдени се 22 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани 1664

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти во: Скопје 17, Куманово 9, Прилеп 12, Тетово 3, Струга 12, Охрид 9, Гостивар 1 и Кичево 1.

Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 13, Прилеп 2 и Тетово 7.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.664, бројката на оздравени пациенти е 1.200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373 и согласно ова последната дистрибуција по градови е:

  • Скопје 563, активни 128
  • Куманово 408, активни 44
  • Дебар 51, активни 0
  • Штип 35, активни 2
  • Прилеп 178, активни 58
  • Тетово 117, активни 58
  • Струга 67, активни 4
  • Велес 107, активни 49
  • Битола 23, активни 4
  • Охрид 15, активни 0
  • Кавадарци 5, активни 1  
  • Гостивар 19, активни 4
  • Гевгелија 4, активни 0
  • Струмица 2, активни 0
  • Крива Паланка 6, активни 2
  • Радовиш 4, активни 0
  • Крушево 3, активни 0
  • Кочани 31, активни 5
  • Пробиштип 2, активни 0
  • Кичево 2, активни 0
  • Неготино 9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)    
  • Демир Хисар 1, активни 0
  • Македонски Брод 2, активни 0
  • Пехчево 3, активни 2
  • Делчево 1, активни 1
  • Валандово 1, активни 1
  • Виница 2, активни 0
  • Кратово 2, активни 2
  • Берово 1, активни 1

Направените 145 теста се преку: ИЈЗ 122, Ветеринарен ф тет 0, Авицена 0, Биотек 0, Филип Втори (Жан Митрев) 17, Систина со PCR метода 0 и МАНУ 6. Досега во земјата се направени вкупно 19.241 тестирања на КОВИД-19. 

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни нема прием на нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 42 пациенти. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација 2. 

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 4 се со потешка клиничка слика. 

Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 7, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Тетово сe хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.