Втор ден од годишната конференција „Година на нови можности“

Утре, 31.01.2023 година (вторник) во 10:00 часот, во хотелот Александар Палас е вториот ден од годишната конференција „Година на нови можност", на кој во фокус ќе бидат енергетиката, надворешната, безбедносна и одбранбена политика, фискалните монетарни и даночни политики како и земјоделството.

Премиерот Димитар Ковачевски ќе биде говорник на првиот панел „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“.

Медиумските екипи кои се акредитираа за настанот потребно е да пристигнат во 9:00 часот од влезот кај тениското игралиште кај конференциската сала број 3.

Линкови за следење на настанот на вториот ден на настанот:

10:00 Панел 1 „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“
Панел 1 на македонски јазик
Панел 1 на албански јазик
Панел 1 на англиски јазик

11:15 Панел 2 „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, предизвици и можности за обезбедување меѓународна соработка и сигурност“
Панел 2 на македонски јазик
Панел 2 на албански јазик
Панел 2 на англиски јазик

12:30 Панел 3 „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“
Панел 3 на македонски јазик
Панел 3 на албански јазик
Панел 3 на англиски јазик

13:45 Панел 4 „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделството“
Панел 4 на македонски јазик
Панел 4 на албански јазик
Панел 4 на англиски јазик

Календар Влада: 
E martë, Janar 31, 2023 - 10:00 to 15:00