Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи „11 март 1943 – Никогаш повеќе”

Владата на Република Северна Македонија како покровител на обележувањето на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи, а во организација на Еврејската заедница на РМ и на Фондот на Холокаустот, Ве известува за повеќе настани за одбележувањето.

Настаните ќе се одржат на 12.03.2023 година (недела) на неколку локации:

Поворка на живите која ќе започне во 09:00 часот од Музеј на Град Скопје (Стара железничка станица) до Монопол - Империал Тобако ТКС.

По поворката, предвидени се свечени обраќања на Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија, Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Хамад Амар, претседател на парламентарната група за пријателство Израел-Северна Македонија, Ернест Херцог - Светски Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова - Европски Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на ЕЗРМ.

Одбележувањето продолжува во 11:30 часот на Градски гробишта Бутел - Скопје со положување цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ - Градски гробишта Бутел – Скопје и со обраќања на Радојка Хелман Денковска потпретседател на ЕЗРМ и Цега Мелаху, пратеник во Кнесетот на државата Израел.

Одбележувањето се заокружува со комеморативен концерт во Национална опера и балет (НОБ) кој почнува во 20:00 часот.

На вечерниот комеморативен настан ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

На комеморативен настан ќе се обратат и претседателот на Еврејската заедница РМ - Пепо Леви, амбасадорката на Израел г-ѓа Симона Франкел и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер.  

Календар Влада: 
E diel, Mars 12, 2023 - 09:00 to 22:00