Одбележување на третата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО – Алијансата

Ве известуваме дека денеска, 27.03.2023 година (понеделник), во касарната „Илинден“ во Скопје со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи централна свеченост за одбележување на третата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО – Алијансата.

На свеченоста ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Дел од свеченоста ќе бидат неколку показни вежби и активности на Армијата, вклучувајќи прелет на сојузнички воздухоплови во рамки на мисијата „Air Policing“.

Заради процедурите за влез и безбедносни проверки, ве молиме да пристигнете на влезот на касарната „Илинден“, најдоцна до 10:00 часот.

Настанот ќе се пренесува во живо на НРТВ.

Календар Влада: 
E hënë, Mars 27, 2023 - 11:00 to 12:00