Премиерот Ковачевски на церемонија на официјално започнување на заедничката операција на Фронтекс во Република Северна Македонија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе присуствува и со воведно обраќање ќе ја отвори церемонијата на официјалното започнување на заедничката операција на Фронтекс во Република Северна Македонија.
Домаќини на настанот кој ќе се одржи на 20 април 2023 година (четврток) со почеток во 09:30 часот во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, Скопје е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и извршниот директор на Фронтекс, Ханс Лајтенс, кои ќе одржат и прес-конференција.
Календар Влада:
E enjte, Prill 20, 2023 - 09:30 to 10:30