Започнува третото издание на Преспа Форумот за дијалог „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?“
На 15.06.2023 година (четврток) во хотел Дрим, Струга, започнува третото издание на Преспа форумот за дијалог насловен „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?”, организиран од Министерството за надворешни работи, а под покровителство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
Преспа Форумот за дијалог оваа година се совпаѓа и со првиот јубилеј од потпишувањето на Преспанскиот договор. Премиерот Ковачевски, како покровител, ќе ја предводи централната сесија на Конференцијата на тема- „5 години по Преспанскиот договор: предизвици кои создаваат можности.“
Насловна тема на годинешниот ПФД е обединета Европа како клучен фактор за долгорочната безбедност и стабилност на континентот, пресликан преку зајакната и забрзана интеграција на останатите земји од континентот во Европската Унија.
На дводневниот форум на едно место ќе бидат присутни видни домашни и меѓународни високи претставници, дипломати, истакнати личности од академската и деловната заедница, граѓанското општество и претставници на младински организации, коишто ќе имаат одлична можност да ги споделат нивните анализи, мисли и идеи за најактуелните регионални и меѓународни теми.
Меѓу потврдените учесници се новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, на Албанија, Бајрам Бегај, претседателите на Владата на Црна Гора и Косово, Дритан Абазовиќ и Аљбин Курти, министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ-Радман, министрите за европски прашања од Србија и Албанија, Тања Мишевиќ и Мајлинда Дука, Питер Бурк од Ирска; Мартин Дворак од Чешка, генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит, генералниот потсекретар на Обединетите нации, Мирослав Јенча, генералната потсекретарка на UNDP, Ивана Живковиќ и др.
Во рамки на форумот, ќе бидат потпишани Меморандум за разбирање помеѓу Регионалната иницијатива за миграција, азил, бегалци (МАРРИ) и Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) како и Меморандум за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Пријатели на Европа (Friends of Europe).
Првото свечено потпишување ќе биде утре, 15.06.2023 година, во 09:00 часот, додека второто во 10:00 часот во дипломатска сала во хотелот Дрим.
НАПОМЕНА: Ги потсетуваме акредитираните медиумски претставници кои се уште не ги подигнале своите беџови, да го направат тоа денеска до 17:30 часот или утре од 8:00 до 10:00 часот, во хотелот Мираж.
Заради идентификација и запазување на безбедносните протоколи, акредитираните медиумски претставници е потребно да ги носат своите беџови за време на траењето на Форумот.
Претставниците на акредитираните медиуми е потребно утре да пристигнат во 08:00 часот, во хотелот Дрим.
Воедно, Ве информираме дека форумот може да го следите на следниот линк, каде што ќе има пренос во живо од сите сесии.
Додека на следниот линк ќе бидат внесени слики од настанот.
Агендата за двата дена (15 и 16 јуни) можете да ја најдете на следниот линк и да бидете во тек со најновите информации преку Facebook, Instagram @prespaforumdialogue,Твитер @PrespaForum и официјалната веб-страница.