Прес-конференција на премиерот Ковачевски и заменик-помошникот државен секретар на САД, Ескобар

На 25.08.2023 година (петок) во 10:45 часот, во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија, ќе се одржи заедничка прес-конференција на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Претставниците на медиумите на заедничката прес-конференција ќе имаат можност за поставување на прашања во формат 2+2, односно две прашања за премиерот Ковачевски и две прашања за заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Ескобар.

Претставниците на медиумите е потребно да пристигнат на влезот на Медија центарот во 10:15 часот.

Прес-конференцијата можете да ја проследите во живо на следните линкови:

Прес-конференцијата на македонски јазик

Прес-конференцијата на албански јазик

Прес-конференцијата на англиски јазик

Календар Влада: 
E premte, Gusht 25, 2023 - 10:45 to 11:45