Одбележување на Денот на народното востание- 11 Октомври под мотото „Непокор и слобода“

Владата на Република Северна Македонија, под мотото „Непокор и слобода" , утре 11.10.2023 година (среда) со пригодни настани ќе го одбележи државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание.

Централниот настан за одбележување на празникот ќе се одржи пред Спомен - костурницата во Куманово, а владини делегации ќе положат свежо цвеќе пред спомениците на паднатите борци од НОБ во Скопје и во Прилеп.

Во Куманово, централниот настан ќе започне во 10:00 часот со положување свежо цвеќе пред Спомен - костурницата. Владината делегација ќе ја предводи претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, а во состав на делегацијата се Артан Груби, Прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура и Азир Алиу, министер за информатичко општество.

Настанот продолжува со обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски а потоа ќе следува културно - уметничка програма на платото пред Спомен - костурницата.

Поради безбедносни протоколи, претставниците на медиумите е потребно да пристигнат на локацијата во Куманово најдоцна до 09:15 часот.

Манифестацијата по повод одбележувањето на државниот празник и обраќањето на премиерот Ковачевски, можете да ги проследите во живо на следните линкови со почеток во 10:00 часот:

Линк до видео од одбележувањето на 11 Октомври - Ден на народното востание, пред Спомен костурницата во Куманово на македонски јазик

Линк до видео од одбележувањето на 11 Октомври - Ден на народното востание, пред Спомен костурницата во Куманово на албански јазик

 

Календар Влада: 
E martë, Tetor 10, 2023 - 00:00 to 23:45