Прес-конференција на премиерот Ковачевски во рамки на работната посета на Брисел
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Брисел, денеска ќе одржи прес-конференција во 11:00 часот.
Прес-конференцијата можете да ја проследите на следните линкови:
Прес-конференцијата на македонски јазик
Прес-конференцијата на албански јазик
Прес-конференцијата на англиски јазик
Во рамки на работната посета на Брисел, а во пресрет на Европскиот Совет кој е планиран да се одржи денеска попладне, премиерот Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на лидерска средба на Европските Социјалисти, каде ќе присуствуваат повеќе лидери на земји меѓу кои и германскиот канцелар Олаф Шолц, премиерот на Шпанија Педро Санчез, премиерката на Данска, Мете Фредриксен, премиерот на Португалија, Антонио Коста и премиерот на Косово, Албин Курти, како и високите претставници на ЕУ, потпретседателите на Европската комисија, Марош Шефчовиќ и Жосеп Борел, како и комесарите Паоло Џентилони, Николас Шмит и Елиса Фереира.
Премиерот Ковачевски вчера присуствуваше на Самитот на ЕУ-Западен Балкан чиј домаќин беше претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, а учествуваа и лидерите и шефови на Влади и држави на земјите од Западен Балкан, 27-те земји членки на ЕУ, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји, високи претставници на Светска Банка, Европска инвестициска банка (ЕИБ), Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) и Советот за регионална соработка.
Самитот Европска Унија-Западен Балкан има за цел да ги приближи кон ЕУ земјите од Западниот Балкан, подготвувајќи терен за нивно полноправно членство и овозможувајќи конкретни придобивки за граѓаните уште во текот на процесот на пристапните преговори.
Во состав на делегацијата која премиерот Ковачевски ја предводи во Брисел е заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.