Премиерот Мицкоски ќе го пречека премиерот на Косово, Курти
Почитувани, Ве известуваме дека денеска 05.08.2024 година (понеделник) со почеток во 09:55 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе го пречека и ќе биде домаќин на Албин Курти, Претседател на Владата на Република Косово.
Во рамки на посетата од 10:00 до 10:30 часот предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и Курти.
Воедно, во 11:00 часот ќе се одржи билатерална средба каде што покрај премиерите ќе присуствуваат и владини делегации од двете страни.
Потоа, предвидена е заедничка прес конференција на премиерите Мицкоски и Курти во Медија центарот на Владата.
Го покануваме вашиот медиум да ја проследи заедничката прес- конференција.