[Најава] Претседателот на Владата Мицкоски ќе оствари средба со Претседателката на Судски совет, Дамева
Почитувани, ве известуваме дека денеска 20.08.2024 година (вторник) во 17:00 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за правда Игор Филков ќе остварат средба со Весна Дамева, Претседателка на Судски совет во просториите на Владата.
Средбата доаѓа по бројните забелешки за работата на Судскиот совет, ниската доверба и отворениот повик на Владата и премиерот Мицкоски за предлози за реформи во Судскиот совет.
По завршување на средбата, Претседателот на Владата Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.
Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.
Со почит,