Премиерот Мицкоски ќе ја пречека и ќе биде домаќин на посетата на Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија на Европската Унија
Почитувани,Ве известуваме дека денеска 24.10.2024 година (четврток) со почеток во 11:20 часот Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе ја пречека и ќе биде домаќин на посетата на Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската Комисија на Европската Унија.
Во рамки на посетата во 11:30 часот предвидено е тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен.
Воедно, во 11:50 часот ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации.
Потоа, во 12:40 часот предвидено е заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен во Медија центарот на Владата.
Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи заедничката прес-конференција.
Со почит,