[Најава] Претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на отварање на административна канцеларија за услуги за граѓаните во Општина Аеродром
Почитувани, Ве известуваме дека денеска 26.10.2024 година (сабота) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе присуствуваат на отварање на административна канцеларија за услуги за граѓаните на Општина Аеродром.
Канцеларијата се наоѓа од задната страна на Т.Ц. Бисер - на 2 кат во Општина Аеродром.
Предвиденo е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски.
Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.
Со почит.