Мерки и препораки за заштита и превенција од КОВИД-19

Што е КОВИД-19?

КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2, вирус од фамилијата Коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек на човек е можен, преку допир и преку капков пат (кивање, кашлање и слично). 

Повозрасните лица и хронично болните се изложени на поголем ризик од компликации и тешки форми на заболувањето. Периодот на инкубација на вирусот е најмногу 14 дена, во кој заразените лица не покажуваат симптоми, но можат да го пренесат вирусот на други лица. 

Сите кои ќе почуствуваат симптоми треба да се задржат во самоизолација од 14 дена во нивниот дом и да пријават на надлежните.

Кои се симптомите на заболувањето со КОВИД-19?

Првичните симптоми кои се јавуваат кај лицата заразени со вирусот КОВИД-19 се:

  1. Треска и висока температура;
  2. Тешка кашлица;
  3. Отежнато дишење.

Болеста може да предизвика сериозни компликации кои може да ја нарушат функцијата на:

  • органите за дишење;
  • кардиоваскуларниот систем;
  • на бубрезите.

Болеста може да варира од лесна до тешка форма, со можни фатални последици.

Лекувањето на заболените е палијативно и симптоматско.

Како да се заштитите од заболувањето со КОВИД-19?

  • Мијте ги рацете често, користејќи сапун и вода, подолго од 1 минута, внимавајќи да ги опфатите сите делови од дланката и прстите.
  • Избегнувајте близок контакт со болни лица или лица кои се вратиле од патување од земја со висок или среден ризик.
  • Користете средства за дезинфекција или алкохолни марамчиња.
  • При кашлање или кивање покријте ги носот и устата со марамче за еднократна употреба и веднаш потоа фрлете го на безбедно место. Доколку немате марамче, покријте ги носот и устата со рака свиткана во лактот.
  • Следете ги препораките на Министерството за здравство и редовно информирајте се од надлежните институции за најновите вести и насоки.

Што доколку се сомневате дека сте заболени од КОВИД-19?

Броеви за контакт доколку имате симптоми на КОВИД-19:

ИЈЗ Скопје 078 387 194​​​​​
ЗД Скопје - Ало докторе 02 15 123
ЦЈЗ Скопје 071 289 614
ЦЈЗ Битола 071 261 330
ЦЈЗ Тетово 075 240 464
ЦЈЗ Штип 078 365 613
ЦЈЗ Велес 071 219 278
ЦЈЗ Кочани 071 373 913
ЦЈЗ Куманово 070 215 851
ЦЈЗ Охрид 070 723 029
ЦЈЗ Прилеп 076 475 747
ЦЈЗ Струмица 072 235 543
ПЕ Гостивар 076 365 161
ПЕ Гевгелија 078 545 444

Според препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, сите патници, кои пристигнуваат од ризичните региони, како и тие кои се во самоизолација, веднаш штом почувствуваат какви било симптоми, карактеристични за КОВИД-19 треба да се јават на телефоните за контакт при епидемиолошките служби, кои се достапни за територијата на целата држава.

Мерките се воведени од самиот почеток и се препорачува секој граѓанин да ги следи овие препораки, кои укажуваат да не се оди на матичен лекар за да се избегнат ситуации во кои тие се ставаат во директен контакт и ризик со можно заболени пациенти.

Како до правилна домашна само-изолација?

  • Останете дома, освен во случај на итност. Доколку имате можност, работете од дома.
  • Одделете се од останатите во различни простории. Редовно проветрувајте ги просториите.
  • Доколку имате на располагање, користете посебен тоалет/бања. Во спротивно редовно дезинфицирајте го оној кој сите го користат.
  • Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство како крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење.
  • Доколку нарачувате храна/продукти преку достава, друг член на домаќинството да ги превзема, избегнете контакт со доставувачот.
  • Бидете на безбедно растојание со другите помеѓу 1 и 2 метри.
  • Чистете ги површините во домот коишто најчесто ги користите.
  • Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.

Доколку чувствувате исти или слични симптоми на грип, не посетувајте доктор, туку јавете се во центрите за јавно здравје.

 

Состојба со COVID-19 во земјата и светот

(обновени податоци 12 септември 2021)

Мерки на Владата за спречување на ширењето на КОВИД-19

 

Сите уредби со законска сила за спречување на ширењето на КОВИД-19

Мерки и препораки на министерствата

 

 

Често поставувани прашања

Како и другите респираторни заболувања, инфекцијата со КОВИД-19 може да предизвика умерени симптоми вклучително: течење на носот, болки во грлото, кашлица и треска. Кај некои лица може да се јави потешка клиничка слика, односно може да дојде развој на пневмонија или тешкотии во дишењето.

Да, КОВИД-19 предизвикува респираторнo заболувањe и може да се пренесе од човек на човек, обично по близок контакт со заболен, на пример дома, на работно место или во здравствена установа.

Луѓето кои живеат или патуваат во област каде што циркулира КОВИД-19 може да бидат изложени на ризик од инфекција.

Треба да се направат дополнителни истражувања за да се дадат прецизни информации за тоа како КОВИД-19 влијае врз луѓето. Според достапните податоци, постарите лица и лицата со претходно постоечки заболувања (дијабет, срцеви заболувања и др.) имаат поголем ризик за развој на потешки симптоми.

Новиот коронавирус е респираторен вирус кој примарно се пренесува преку контакт со заболено лице, односно преку неговите респираторни секрети кои се распрскуваат во вид на ситни капки кога заразениот кашла и кива, преку плунка или течење од носот. Важно е сите да практикуваат добра лична хигиена. На пример, кога кивате или кашлате користете марамче за една употреба и веднаш фрлете го, а доколку немате марамче покријте ги устата и носот со раката свиткана во лактот. Исто така, многу е важно луѓето редовно и темелно да ги мијат рацете со сапун и вода или со дезинфициенси базирани на алкохол.

Сѐ уште не е познато колку долго преживува КОВИД-19 на површини, иако првичните информации сугерираат дека вирусот може да преживее неколку часа. Едноставни средства за дезинфекција можат да го уништат вирусот, со што веќе не е можно да зарази луѓе.

Според моментално достапните податоци, се смета дека е можно лицата заразени со КОВИД-19 да бидат заразни и пред да развијат симптоми на болест. Сепак, вирусот најчесто го шират лица кои имаат симптоми.
 

Поважни контакти

ИНФОРМАЦИИ И АДМИНИСТРАТИВНИ ПРАШАЊА
Институција Лице за контакт e-mail телефон
Елена Ристоска administrativniprasanjakorona@zdravstvo.gov.mk 076 445 967
МЗ Сања Саздовска administrativniprasanjakorona@zdravstvo.gov.mk 075 268 829
МТСП Мартина Иванова mivanova@mtsp.gov.mk 072 278 043
МТСП Ивона Кусакатска ikusakatska@mtsp.gov.mk 070 329 383
MO Драган Каруловски dragan.karulovski@mod.gov.mk 02 328 2539
MO Бесим Хасалари besim.hasalari@mod.gov.mk 02 328 2535
ME Александра Спасевска aleksandra.spasevska@economy.gov.mk 02 3093 448
ME Бојана Јосифовска bojana.josifovska@economy.gov.mk 02 3093 452

Последни вести